дома Македонија Н1: Бугарска рампа за Македонија – Откажете се од македонскиот идентитет

Н1: Бугарска рампа за Македонија – Откажете се од македонскиот идентитет

Во текст во кој се укажува дека Бугарија и става рампа на Македонија за влез во ЕУ и се потенцира барањето Македонците да се откажат од својот идентитет ако сакаат да почнат преговори со ЕУ, регионалната балканска медиумска мрежа Н1 ги анализира состојбите меѓу Скопје и Софија.

Медиумот кој е во сопственост на американски инвеститори пренесува дека официјална Софија деновиве јасно ставила до знаење дека ќе го блокира отворањето на пристапните преговори меѓу ЕУ и Македонија доколку соседната земја инсистира на македонски идентитет и јазик.

Историскиот спор меѓу двата соседи може да влезе во бриселските ходници и тоа пред декември кога Македонија очекува официјален старт на преговорите со ЕУ, пренесува Н1.

Тоа според медиумот би значело дека ниту согласноста за промена на името поради спорот со Грција не би бил доволен по 15 години колку Македонија е кандидат за членка на ЕУ нема да биде доволно за остварување на целта, пишува медиумот во сопственост на американски бизнисмени.

Линк до текстот овде