дома Свет Нajмaлкy 12 лицa зaгинaa вo ekcплoзиja вo илeгaлeн pyдник вo Koлyмбијa

Нajмaлкy 12 лицa зaгинaa вo ekcплoзиja вo илeгaлeн pyдник вo Koлyмбијa

Најмалку 12 лица загинаа, а едно е повредено во експлозија во илегален рудник за јаглен во Колумбија, соопшти Националната рударска агенција.

Експлозијата била предизвикана од мешавина од метан и јаглен во прав, наведува агенцијата и додава дека рудникот нема дозвола за вадење јаглен.

Околу 60 проценти од несреќите во рудниците се случуваат во илегални рудници, објави националната агенција.

Во таа земја минатата година загинаа 171 рудар. Колумбија произведе 48,4 милиони тони јаглен во 2020 година и е петтиот најголем производител на јаглен во светот.