Нapoднa бaнкa нa Македонија: Pacт нa кpeдититe и дeпoзититe вo дeкeмвpи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кредитите на корпоративниот сектор, во декември бележат месечен раст од 1,9 отсто, којшто при раст на кредитите во двете валути, во поголем дел се должи на зголемувањето на кредитите во денари. Анализирано на годишна основа, кредитите на корпоративниот сектор се зголемени за 1,1 отсто, целосно под влијание на растот на кредитите одобрени во странска валута, при забележан пад кај кредитите во денари.

Вкупните депозити на домаќинствата, во декември имаат раст за 2,3 отсто во споредба со претходниот месец. Зголемувањето главно се должи на растот на депозитните пари, при остварен помал раст и кај останатите компоненти, освен кај долгорочните депозити во денари коишто бележат пад. На годишна основа, депозитниот раст изнесува 4,6 отсто и целосно се должи на повисоките депозитни пари и краткорочни депозити во странска валута, при забележан пад кај останатите компоненти.

Вкупните кредити на домаќинствата, во декември се повисоки за 0,4 отсто на месечно ниво, во целост заради растот на кредитирањето во странска валута. Гледано на годишно ниво, кредитирањето на домаќинствата бележи раст од 8 отсто, како резултат на зголемувањето на кредитите во двете валути, коешто е поизразено кај кредитите во денари.

Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај најзастапените категории – потрошувачките и станбените кредити, забележан е месечен раст од 0,5 отсто и 1,9 отсто, соодветно, како и годишен раст од 6,9 отсто и 13,6 отсто. Автомобилските кредити остварија месечен и годишен пад од 2,6 отсто и 10,9 отсто, соодветно, додека кредитите одобрени на кредитни картички се пониски за 1,6 отсто и 6,1 отсто, на месечно и годишно ниво.

Во декември, негативните салда на тековните сметки бележат месечно и годишно намалување од 9,9 отсто и 5 отсто соодветно. Кредитите одобрени врз други основи, овој месец, се повисоки за 0,3 отсто во споредба со претходниот месец, додека на годишна основа се намалени за 6 отсто.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This