дома Балкан Нeгaтивен тест и седумдневна изолација за македонските државјани кои сакаат да влезат...

Нeгaтивен тест и седумдневна изолација за македонските државјани кои сакаат да влезат во Турција

Од понеделник патниците што ќе пристигнат на турските аеродроми  за да влезат во земјата ќе треба да покажат негативен тест за Ковид-19, не постар од 72 часа. Мерката за задолжителен негативен тест ќе биде во сила до март.

Мерката од 30 декември се воведува и за сите патувања по копно и по море. Ако патниците не покажат негативен тест ќе бидат ставени во карантин. Оваа мерка важи за сите граѓани, па така и за македонските граѓани.

Досега за патување во Турција не беше потребен негативен тест.

Додека патниците кои пристигнуваат од Велика Британија, Данска и Јужна Африка ќе мора да покажат негативен тест и да бидат најмалку седум дена во карантин, додека повторно не се тестираат.

Турција е една од земјите со највисока стапка на инфекција во светот, со неделен просек од 20.000 новозаболени дневно. Од последици на Ковид-19 починаа 19.371 лице.