дома Хроника Нeкoлкy лицa пoвpeдeни oткaкo излeтaлe од пaтoт со aвтoмoбил

Нeкoлкy лицa пoвpeдeни oткaкo излeтaлe од пaтoт со aвтoмoбил

На 13.08.2020 во 12.40 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Пирок-с.Раковец, патничко возило „форд фиеста“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(49) од с.Камењане, излетало од патот. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Ј.С.(41) од с.Пирок, а со телесни повреди се здобиле другите сопатници А.С.(46), А.С.(66) и М.С.(67), сите од с.Пирок, констатирани во Клиничката болница Тетово.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Тетово.