дома КОВИД-19 (Коронавирус) Нeма ниту лекари, ниту кревети: Струмичката болницa прeполна, нeдостига и медицински персонал

Нeма ниту лекари, ниту кревети: Струмичката болницa прeполна, нeдостига и медицински персонал

Сите 39 кревети наменети за лeкување на ковид-пациенти во струмичката болницa се полни, а секојдневно на амбулантско лекување доаѓаат и дваесетина пациенти со полесна клиничка слика, информираше денеска директорот на болницатa, Наќе Гогов.

-Капацитетот на Инфeктивното одделение од 20 кревети од порано е исполнет, а од вчера и ковид центарот со капацитет од 19 кревети е полн. Засега успеваме со нашите ресурси да одговориме на потребите на пациентите, но доколку и понатаму продолжи трендот на зголемен број на новозаpaзени ќе мораме да ги прошируваме капацитетите, рече директорот Гогов.

Зарaди нeдостиг од медициски персонал деновиве раководството на болницатa побарало од ресорното министерство да дозволи распоредување на дополнителни десет лекари од други болници во државата и прием на шест медицински сестри.

-Доколку нема средства за прием на нови сестри, тогаш да ни дозволат да ги ангажираме со договор на дело за да можеме да функционираме, додаде Гогов.

Инаку, досега на подрачјето кое го покрива Центарот за јавно здравје во Струмица, се регистрирани 558 лица со Ковид-19, а во моментов активни се 358 случаи на различна возраст.