дома Балкан Нeceкojднeвнa cитyaциja: Јa пpиjaвил сoпpyгaтa дeкa ги пpeкpшyвa Koвид мepкитe

Нeceкojднeвнa cитyaциja: Јa пpиjaвил сoпpyгaтa дeкa ги пpeкpшyвa Koвид мepкитe

Началникот на Комуналната полиција во Белград, Иван Дива, раскажува за необичен случај кога сопруг ја пријавил сопругата за непочитување на ковид-мерките.

До сега сме биле во различни ситуации. Неодамна еден човек ја пријави сопствената сопруга, жалејќи се дека нивното дете кое отсуствува од школо и се наоѓа во самоизолација, го однела во трговски центар, истакна Дивац.

На гостувањето на „Прва“ тој додал дека во овој момент голем проблем претставува што полицијата на терен нема доволно луѓе, само 320 полициски службеници за цел Белград и затоа може да се случи граѓаните кои пријавуваат да почекаат и до еден час.