Нeoчeкyвaни пoтeшкoтии вo пpoизвoдcтвoтo и cклaдиpaњeтo нa вakцинaтa „Фајзер“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Забележани се неочекувани тешкотии во првите денови од употребата на „Фајзер“, вклучувајќи дози на вакцината складирани на премногу ниски температури и потенцијални предизвици на компанијата во производството на вакцината, соопштија американските власти во средата.

Најмалку два контејнери со дози на вакцина против Ковид-19, кои беа доставени во Калифорнија, требаше да бидат заменети, бидејќи тие беа чувани на температура под -80 степени Целзиусови, изјави американскиот воен генерал Густав Перна.

Вакцината на „Фајзер“ и „Бајонтек“ треба да се чува на температура од околу -70 степени Целзиусови.

Официјалните лица испитуваат дали чувањето на вакцината на претерано ниски температури претставува ризик за безбедноста и ефективноста на вакцината, додаде Перна.

Фајзер објави и проблеми со производството на вакцини, изјави американскиот секретар за здравство, Алекс Азар.

„Ќе се погрижеми да им обезбедиме целосна поддршка преку кој било механизам за да можат да произведуваат (вакцини) за Американците“, рече Азар.

„Фајзер“ не одговори веднаш на истрагата, но извршниот директор на компанијата, Алберт Бурла, изјави за „CNBC“ претходно оваа недела дека компанијата ја повикала американската администрација да го користи Законот за одбранбено производство за да ги олесни „критичните ограничувања во снабдувањето“, особено некои компоненти. Тој не даде повеќе детали.

Угур Сахин, извршен директор на „Бајонтек“, за Ројтерс минатата недела изјави дека првичната цел за производство на 100 милиони дози на вакцини во 2020 година е преполовена претходно оваа година, делумно поради потешкотии во снабдувањето со суровини. Тој додаде дека проблемот е решен во меѓувреме и дека производството на големи количини вакцини продолжува.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This