дома Свет Нepeaлнo: Вpeднocтa нa биткoинoт пoвтopнo нaд 57.000 дoлapи

Нepeaлнo: Вpeднocтa нa биткoинoт пoвтopнo нaд 57.000 дoлapи

Вредноста на биткоинот се зголеми за 5,26 проценти и достигна 57.079 долари, според порталот CoinDesk. Оваа криптовалута претходно беше над 57.000 долари на 22 февруари.

Дигиталната монета на тој начин повторно се приближи до рекордната цена од 58.300 долари, што ја забележа на 21 февруари, а инвеститорите ги тријат рацете од задоволство бидејќи биткоинот порасна за 570 проценти во последните 12 месеци.

Аналитичарите го припишуваат последниот скок на биткоинот во американската програма за стимулации вредна 1,9 милијарди долари, додека претходно еден од главните фактори беше вклученоста на големите институционални инвеститори и купувањето биткоин од големите глобални корпорации.