March 29, 2024, 12:33 am

Низата ckандали му го ypнаа рејтингот на Борис Џонсон

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Популарноста на британскиот премиер Борис Џонсон и неговата владејачка Конзервативна партија се стрмоглави по низата скандали, а повеќето испитаници сметаат дека тој треба да отстапи од должноста, покажува анкетата објавена во саботата.

Изминатите седмици британскиот премиер Борис Џонсон се најде на удар на критиките од неколку фронта, од обновувањето на станот во „Даунинг Стрит“ до обвинувањето дека лично интервенирал за од Кабул, во хаотичната евакуција на западните земји од Авганистан во август, да се извлечат домашни миленици и бездомни животни во засолниште.

Но, се чини, дека најмногу му наштетија информациите дека соработниците од неговиот кабинет минатата 2020 година приредиле предбожикна забава во седиштето на владата, кога таквите собири во Британија беа забранети поради епидемијата на коронавирусот.

Испитувањето на јавното мнение на весникот The Observer покажува дека поддршката за кознервативците, кои имаа голема предност во анкетите уште од убедливата победа на парламентарните избори во 2019 година, паднала за 4 отсто и сега изнесува 32 отсто, додека популарноста на опозициската Лабуристичка партија сокнала на 41 отсто, најмногу од 2014 година.

Конзервативците предводени од премиерот Борис Џонсон на предвремените избори во 2019 година освоија 365 од 650 мандати во парламентот, што е најголемото мнозинство на Конзервативната партија од победата на легендарната премиерка Маргарет Тачер во 1987 година.

Дека Конзервативната партија на британскиот премиер Борис Џонсон го загуби водството во анкетите во однос на опозициската Лабуристичка партија, откако во јавноста излегоа информации за забава во текот на минатогодишното божикно епидемиолошко „затворање“ што предизвика гнев поради лицемерие, покажа и истражувањето на јавното менение спроведено од агенцијата YouGov за весникот The Times од петокот. Таа покажа дека конзервативците го загубиле водството, губејќи 3 процентни поени од 2-ри декември, така што сега имаат 33 отсто доверба на гласачите, додека лабуристите скокнале за 4 процентни поени на 37 отсто.

Личниот рејтинг на Џонсон, исто така, е најнискиот од изборите и неговата работа сега не ја одобруваат 35 отсто од испитаниците, 14 отсто повеќе отколку пред две седмици, според анкетата во The Observer.

Покрај тоа, анкетата покажала дека дури 57 отсто од испитаниците сметаат дека премиерот Џонсон треба да поднесе оставка, во однос на 48 отсто, пред две седмици.

Три четвртини од испитаниците во анкетата на The Times веруваат дека е одржана божикната забава на која се прекршени епоидемиолошките прописи, а 68 отсто од нив веруваат дека премиерот Џонсон не ја зборувал вистината кога тоа го негирал, пишуваше во петокот The Times.

Политичките коментатори истакнуваат дека сѐ повеќе конзервативци не се задоволни од водството на Џонсон и проценуваат дека повеќето од нив следната седмица би можело да гласат против новите мерки за борба против ширењето на омикрон варијантата на коронавирусот.

„Резултатите од нашата анкета се навистина драматични со поразителен пад на популарноста и на конзервативците и на премиерот“, коментираше Адам Драмонд од агенцијата за социолошки истражувања Opinium.

Меѓутоа, додава Драмонд, Џонсон е познат како „кралот на враќањата“ кој и претходно умееше да се извлече од сличните ситуации.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This