Обвинителството собира докази за прислушување на Вучиќ, неговото семејство и голем дел од државниот врв на Србија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По наредба на Обвинителството за организиран криминал, Работната група на Министерството за внатрешни работи, формирана со одлука на министерот за внатрешни работи Александар Вулин, досега испрашуваше голем број луѓе и собра докази кои укажуваат на тоа дека српскиот претседател Александар Вучиќ и неговото семејство биле незаконски прислушувани.

Во согласност со член 27, став 2 од Законот за организација и надлежности на државните органи за сузбивање на организиран криминал, тероризам и корупција, објавуваме дека известувањата добиени од лица за кои постои сомневање дека се поврзани со случајот на прислушувањето на претседателот Вучиќ и членовите на неговото семејство, се доставени во понатамошна надлежност Обвинителство за организиран криминал. Работната група на Министерството за внатрешни работи продолжува да работи по барање на Обвинителството за организиран криминал.

Министерот за внатрешни работи Александар Вулин изјави дека детално го информирал претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за резултатите од досегашната предистражна постапка.

Според досегашната истрага прислушкувано било семејството на претседателот на Србија – неговиот брат Андреј Вучиќ и постариот син Данило Вучиќ, директорот на БИА, Братислав Гачиќ, Милош Вучевиќ, градоначалникот на Нови Сад и потпретседателот на СНС, Никола Селаковиќ, шеф на дипломатијата, Владимир Đукановиќ, претседател на пратеничката и пратеник но и Звездан Терзиќ, водачот на фудбалскиот клуб Црвена Звезда.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This