дома Занимливости ОБЕДИНЕТО СЕМЕЈСТВО: Дејвид Бекам со четирите деца на ревијата на Викторија во...

ОБЕДИНЕТО СЕМЕЈСТВО: Дејвид Бекам со четирите деца на ревијата на Викторија во Лондон!

Викторија Бекам имаше голем тим кој ја бодреше на ревијата во Лондон. Популарната дизајнерка ја доби поддршката од сопругот Дејвид и нивните четири деца, кои седеа во првиот ред на модното шоу.
19-годишниот Бруклин Бекам беше придружуван од неговата девојка Хана Крос, а веднаш до нив седеа Ромео и Круз.





Малата Харпер, која беше неразделна од Дејвид, ја покажа слатката боб фризура со шишки. Со оглед на тоа што девојчето седеше непосредно до Ана Винтур, очекувани беа „споредбите“, кои ги започна самиот Дејвид.



На ревијата присуствуваа сестрата на Викторија и нивните родители, како и трендсетерката Оливија Палермо.


По големото шоу, семејството прослави со ручек во британската метропола.