дома Хроника ОБИД ЗА БЕГСТВО И ПУКАЊЕ ВО КАПИШТЕЦ: Затвореник се обидел да избега...

ОБИД ЗА БЕГСТВО И ПУКАЊЕ ВО КАПИШТЕЦ: Затвореник се обидел да избега од чуварите при медицински преглед

Вчера во 14:15 часот во СВР Скопје, вработен во затворската полиција пријавил обид за бегство на затвореник.

Според пријавата, во 11.00 часот затвореникот Е.К.(33) од Скопје, кој во КПУ „Идризово“ е на издржување казна затвор од 10 години и 6 месеци, за укажување на медицински третман бил донесен со четири затворски полицајци во Завод за рехабилитација на улица „Козара“, каде се задржале до 13:30 часот.

По излегување од ординацијата, Е.К. се дал во бегство, но бил фатен од страна на затворските полицајци, кои испукале и два предупредувачки куршуми во воздух.

Потоа Е.К. бил спроведен до Арестанско одделение во кругот на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.