дома Актуелно Обид за тpyeњe на Доналд Трамп, ФБИ отвори иcтpaгa

Обид за тpyeњe на Доналд Трамп, ФБИ отвори иcтpaгa

Пакет кој содржи отровен рицин е упатен до американскиот претседател Доналд Трам, а е пресретнат од органите на законот, наведуваат американските медиуми. ФБИ и американската тајна служба овластена за заштита на претседателот, веќе започнале со истрага за инцидентот. Двата теста потврдуваат дека во пакетот имало рицин, се додава во извештајот.

Пакетот рицин бил пресретнат пред да стигне до Трамп, извести и Си-Ен-Ен. Се наведува и дека пакетот е испратен порано оваа недела. Пресретнат е пред да стигне до поштенската соба во Белата куќа.

Пакетот го истражуваат ФБИ и Тајната служба, а деталите се уште не се обајвени.

Не е познато кој го испратил, но повикувајќи се на владини извори Њујорк Тајмс објавува дека пакетот пристигнал од Канада.