дома Хроника ОБИД ЗА УБИСТВО ВО ЗАТВОРОТ ИДРИЗОВО: Затвореник во Идризово со нож прободел...

ОБИД ЗА УБИСТВО ВО ЗАТВОРОТ ИДРИЗОВО: Затвореник во Идризово со нож прободел чувар!

Вчеравечер чувар во затворот во Идризово бил нападнат со нож од затвореник. Како што информираа од полицијата на 14 септември во 23.30 часот С.В. пријавил дека во КПУ „Идризово“ чуварот Г.Ф. бил нападнат со нож од осудено лице Р.С. при што се здобил со повреда на десното рамо и расекотина на десната рака-палец.

Повредениот чувар бил пренесен во Ургентниот центар-Скопје за санирање на повредите, а потоа бил пуштен на домашно лекување. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.