дома Хроника Обид за yбиcтвo во општина Карпош

Обид за yбиcтвo во општина Карпош

Вистинска дpaма претпладнево се случувало во просториите на најголемата општина во Скопје, општина Карпош.

По претходна расправија вработен во опшината нападнал граѓанин со остар предмет, по што интервенирала полицијата, а повредениот бил пренесен итно во болницата „8 ми Септември“ за да му биде укажена лекарска помош.

Од министерството за внатрешни работи го потврдуваат настанот и потенцираат дека се работи на расчистување на случајот.

-На 26.07.2021 во 11,30 часот било пријавено дека по претходна расправија С.А.(34) со остар предмет му нанел повреда на В.К.(37) двајцата од Скопје. Повредениот бил пренесен во Градската општа болница “8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош. Од страна на полициски службеници од СВР Скопје излезено било на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот, велат од МВР.

Неофицијално на настанот му претходел љубовен тријаголник кој за среќа не заврши трагично.