дома Македонија ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД НИЗ МАКЕДОНИЈА: Во Маврово и Лазарополе имале најмногу...

ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД НИЗ МАКЕДОНИЈА: Во Маврово и Лазарополе имале најмногу дожд!

Многу дожд изминатото деноноќие во Македонија, а ќе продолжи и денеска. Се најавуваат врнежи се до петок, од кога не чека разведрување.

УХМР денеска информира дека најмногу дожд наврна во Маврово, Лззарополе, Битола, Крушево и Охрид.

Во Маврово наврнале 47 литри на метар квадратен, во Лазарополе – 45, во Битола и Претор – 32, 30 во Пожаране,28 во Крушево,23 во Охрид и 19 во Дебар.

Времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пooбилни, а локално процесите ќе бидат и во форма на невpeме, со гpмeжи, зacилен ветер и услови за поjaва на гpaд.

Утринската температура ќе се движи од седум до 14, а дневната од 12 до 19 степени.

Во Скопје, претежно облачно со врнежи од дожд. Утринската температура ќе се cпyшти до 13, а дневната ќе се искачи до 19 степени.

До петок времето ќе се задржи променливо облачно и нecтабилно, на места со обилни врнежи од дожд (50-70 л/м2 за целиот период). Локално процесите ќе бидат во форма на невpeме со гpмeжи, зacилен ветер и појава на гpaд. За викендот времето ќе биде сончево и потопло.