дома Временска Прогноза Облачно време со дожд и снег, утре поројни врнежи – Еве какво...

Облачно време со дожд и снег, утре поројни врнежи – Еве какво време не’ очекува од понеделник

Времето денес ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, главно во западните и источните делови од земјава, а во централните делови ќе има повеќе сончеви периоди. На планините врнежите ќе бидат од снег.

На истокот на места се очекуваат краткотрајни поројни врнежи проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринските температури ќе се движат од -1 до 8, а максималните дневни од 1 до 14 степени.

Слично време и во Скопје каде максималната дневна температура ќе достигне 11 степени.

За утре се најавува облачно со врнежи од дожд, на повеќе места пообилни (и над 25 л/м2). Во западните делови на планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира позначителна снежна покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во недека времето ќе биде променливо облачно, претежно во северните делови ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Следната недела ќе ја започнеме со променливо облачно и студено со умерен, повремено засилен ветер од северен правец.