дома Македонија Образованието не смее и не треба да е проблем, образованието е слобода,...

Образованието не смее и не треба да е проблем, образованието е слобода, образованието е можности, образованието е самодоверба

Носителот на Изборната единица 1 Гордана Силјановска Давкова денеска учествуваше трибина во општината Кисела вода каде зборуваше за образованието и младите луѓе.

-Вечерва во Кисела Вода учествував на трибината: Проблеми, предизвици и можни решенија за образованието во Р. Македонија – образование за време на Ковид-19: на електронска врска или без врска?
заедно со:

професор по македонски јазик Татјана Алексиќ;
проф.д-р Кирил Барбареев;
проф.д-р Васко Наумовски;
доц.д-р Атанас Кирјаковски; и

г-ѓа Бети Стаменкоска Трајкова, професор по географија во средно училиште.

Модератор беше м-р Катерина Климоска, студент на докторски студии

Потенцирав дека неквалитетното образование е сериозна причина за одливот на младите од државата. Ќе направам се што е во моја моќ за подобрување на истото. Токму затоа околу себе, па и на листата, опкружена сум со луѓе кои се реализирани и успешни во својата област, и кои инспирираат.

Образованието не смее и не треба да е проблем. Образованието е слобода, образованието е можности, образованието е самодоверба, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.