April 19, 2024, 10:42 pm

Образованието целосно ќе се менува: Од 6-то одделение албански поради мултикултурализам

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Paководителката на секторот за истражување во Бирото за развој на образованието, Ајше Ајрулаи, во вечерашната дебата на „360 степени“ зборуваше и за мултикултурализмот во новиот концепт на основното образование.

„Мултикултурализмот во новиот концепт на основното образование ќе се реализира преку повеќе аспекти или активности кои ќе се реализираат за време на едукативно-образовниот процес. Тоа ќе овозможи на крајот од образованието на еден млад човек, тој да биде спремен да живее во мултикултурно општество како што е нашата земја“,

вели Ајрулаи.
Додава дека преку интеркултурализмот во образованието учениците кои се етнички Македонци ќе може да го изучуваат албанскиот јазик како изборен предмет од шесто одделение.

„Ќе може да се изучува албански јазик преку ваквите интеркултурни активности и тоа ќе се прави во континуитет, затоа што тоа е најдобриот начин да се запознаат учениците меѓусебе и во оваа насока да го знаат и јазикот на другиот. Но, другиот начин кој е предвиден и со наставниот план, тоа е учење на албансиот јазик како изборен предмет. Ова е една новина со што ќе се даде можност на учениците да го одберат овој јазик како изборен предмет од шесто одделение“,

вели Ајрулаи.
Албанскиот јазик и претходно се нудеше како дополнителен предмет, но повеќе факултативно. Сега со новата концепција ќе може да се одбере за изучување како втор странски јазик, после англискиот, како што досега учениците ги бираа германскиот, италијанскиот и слично.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This