дома КОВИД-19 (Коронавирус) Обучувачот Исмаили за онлајн платформата: Не се очекува успешен почеток на новата...

Обучувачот Исмаили за онлајн платформата: Не се очекува успешен почеток на новата учебна година

Недостаток на ИТ инфраструктура, компјутерите за наставници и краткото време се некои од главните предизвици зошто почетокот на учебната година од 1 октомври нема да биде успешен и без пpeкини, пишува ТВ 21.

Обучувачот на националната платформа за учење на далечина, Сатки Исмаили кој гостуваше во емисијата „10 минути“ на ТВ 21 е наставник по математика и од 1 октомври лекцијата ќе ја започне со личен лаптоп кој го купи за 12 илјади денари.

Ова е најголемиот предизвик за наставниците во нашата земја. Наставниците се познати по своите приходи. Верувајте дека наставниците имаат потешкотии. Тие работат со лаптопи стари 10-15 години и перформансите не даваат такви можности за да се приклучат. Верувале или не, сега имам лаптоп кој чини 12 илјади денари. Има уште подобри, но тоа ми е доволно. Сепак, посакувам Министерството за образование и наука да најде донатор, да најде можност да обезбеди лаптоп од 10 до 12 илјади денари така што ќе овозможи основни услови. Непречено учење и многу успешен почеток на учебната година јас велам дека нема да има. Но, ќе има почеток и уверен сум дека дел ќе започне. Првата недела ќе биде со тешкотии, истакна Сатки Исмаили – обучувач на националната платформа.