дома Балкан Објавени првите неофицијални резултати од изборите во Хрватска

Објавени првите неофицијални резултати од изборите во Хрватска

Објавени се првите неофицијални резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 71 мандат, Рестарт 41, Демократски покрет 16 мандати, Мост 4, Можиме 4 и уште по еден мандат на три помали партии и предизборни коалиции.

Од Демократскиот покрет на Мирослав Шкоро велат дека освоиле 16 мандати и испратија јасна порака на НДЗ – Нема да има влада без нас.

Според излезните анкети ХДЗ и Демократски покрет на Мирослав Шкоро можат заедно да формираат влада, а со оглед на просечниот резултат на ДП, чии челници спомнуваат и до 30 мандати, тешко е за верување дека тие ќе можат да продолжат да инсистираат на своите услови претседателот на ХДЗ Андреј Пленковиќ да не биде премиер.

Хрватскиот сабор брои 151 пратеничко место.