дома Македонија Оваа власт не се снајде ниту со економската, ниту со корона kpизата,...

Оваа власт не се снајде ниту со економската, ниту со корона kpизата, ниту со дипломатијата

Од куќата на Чаковци, која денес ја посетивме заедно со Фуркан Чако и со останатите кандидати за пратеници, сакам да ги пренесам актуелните проблеми на моите сограѓани Турци, кои си ги чекаат своите роднини од гурбет или кои треба да заминат на работа во странство. Се жалат на хаосот кој владее во МНР, заради кој не можат ни едните, ни другите да тргнат на пат. Имало и случаи да тргнат, па од пола пат да ги вратат.

Затоа, не се задоволни од оваа власт. Бидејќи, не се снајде ниту со короната, ниту со економијата, ниту со дипломатијата.

И додека едни партии излегуваат со исти препакувани лаги, додека други се закануваат со војни или со предизборни условувања, ВМРО-ДПМНЕ, заедно со коалицијата “Обнова на Македонија” се обврзува на мерки и проекти , подеднакво достапни за сите.
ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на повеќе за секого, без разлика на партиска или етничка припадност.

На 15-ти јули бројот 14 е избор за обнова, избор за секого, избор за исправена Македонија.

#ИзлезиДаГласаш
#Заокружи14- напиша на Фејсбук, Дафина Стојаноска, носителката на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 6.