дома Балкан ОВАА СНИМКА ОД ГЛОГОВАЦ СЕ СПОДЕЛУВА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Двајцата легендарни актери...

ОВАА СНИМКА ОД ГЛОГОВАЦ СЕ СПОДЕЛУВА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Двајцата легендарни актери кои прерано починаа во иста снимка

Прераната смрт на големиот актер Небојша Глоговац во 49. година по тешката болест предизвика тага во целиот регион

Неговите колеги занемеа од болка, се опростуваа не само од актерот, туку и од голем човек, со големо срце и душа.

На социјалните мрежи се споделува снимка на која се заедно Глоговац и Маринко Маџгаљ, кој почина во март 2016.

На снимката Небојша ја пее „О, Керол“ додека на гитара го прати Сергеј Трифуновиќ, контрабас свири Борис Миливојевиќ, а хармоника Маринко Маџгаљ.

Инаку, снимката е од емисијата Балканска улица, а екипата актери е од претставата „Шина“, каде покрај овие четворице играа уште Никола Ќуричко, Небојша Миловаовиќ и Елена Џокиќ, премиерата беше во 2002. година.