дома Занимливости Оваа шеговита слика од таблата Негорци – Прдејци ги спаси од непријатности...

Оваа шеговита слика од таблата Негорци – Прдејци ги спаси од непријатности на аеродром

Шеговите фотографиј пред патоказната табла Негорци – Прдејци една брачна двојка поштедила од непријатности на шведскиот аеродром Стуруп. Тие пред да влеза во авионот за Малме на последната контрола биле задржани од млад полицаец.

Имено тој не сакал да ги пушти да полетаат зошто во нивните пасоши немале доказ дека ја напуштиле Грција.

Агонијата на брачната двојка траела повеќе од 10 минути зошто цариниците не им удриле печат и така немале доказ/

По некое време, полицаецот се сетил и прашал дали можеби имаат фотографии од телефонот со соодветен датум. Тогаш на мажот му текнало…

Фотографијата од насмеаната двојка на кои во позадина им е таблата со ознака за македонските села Негорци и Прдејци била вистинскиот доказ кој им бил потребен.

Сопругот Владимир Вјестиќ ја сподели оваа информација на Фејсбук за да ги потсети сите што патуваат да инсистираат полицијата да им става печат со датум за да немаат вакви проблеми.