дома Локално Ова е возниот ред за двете бесплатни автобуски линии до Средно Водно

Ова е возниот ред за двете бесплатни автобуски линии до Средно Водно

 Од  денес(25 ноември 2017 година), Градот Скопје воведува забрана за движење возила на патот до Средно Водно, која ќе важи секој викенд и за време на државните празници.

Според планот, оваа забрана ќе важи во еден правец, од клучката за Сопиште до Средно Водно и од паркингот кај манастирот „Свети Пантелејмон“ до Средно Водно.

За да им излезе во пресрет на граѓаните што сакаат да се рекреираат на Водно Градот Скопје воведе 2 (две) нови пробни автобуски линии што ќе сообраќаат по принципот на шатл-линии, односно, автобусите ќе се полнат со патници на почетната станица и ќе возат без застанување до Средно Водно.

Пробната линија бр. 25A ќе се движи на релација Автомакедонија (Стара железничка станица) – Средно Водно, по следната траса: бул. „Св. Кирил и Методиј“; бул. „Мајка Тереза“ и обратно. Пробната линија бр. 25A, за време на викендите и државните празници ќе функционира по следниов возен ред:

Автомакедонија (Стара железничка станица) Средно Водно
09:00 09:40
09:40 10:20
10:20 11:00
11:00 11:40
11:40 12:20
12:20 13:00
13:00 13:40
13:40 14:20
14:20 15:00

Пробната линија бр. 25 Б ќе се движи на релација Дом на печат – Средно Водно, по следната траса: бул. „Св. Кирил и Методиј“; бул. „Мајка Тереза“ и обратно. Пробната линија бр. 25Б, за време на викендите и државните празници ќе функционира по следниов возен ред:

Дом на печат Средно Водно
  09:20 10:00
 10:00 10:40
10:40 11:20
11:20 12:00
12:00 12:40
12:40 13:20
13:20 14:00
14:00 14:40
14:40 15:20

Покрај 2. (двете) нови пробни автобуски линии, граѓаните ќе можат непречено да ја користат и постојната автобуска линија – линијата со број 25 до Средно Водно.

Возењето на овие три автобуски линии (25, 25А и 25Б) на почетокот ќе биде бесплатно.

Во пресрет на граѓаните, Градот Скопје обезбеди и бесплатно паркирање во катната гаража на улицата Свети Кирил и Методиј и на паркингот кај Цветен пазар (Дом на печат).