дома Здравје ОВА Е ГОЛЕМ РИЗИК ПО ЗДРАВЈЕТО: Осаменоста му штети на здравјето многу...

ОВА Е ГОЛЕМ РИЗИК ПО ЗДРАВЈЕТО: Осаменоста му штети на здравјето многу повеќе од прекумерната тежина

Според неодамнешните истражувања осаменоста е исто толку ризична по нашето здравје, како што е и преголемата телесна тежина. Доколку постојано сте изолирани или пак едноставно живеете сами, ризикот да починете на порана возраст е значително поголем.

– Постојат цврсти докази дека социјалната изолација и осаменоста значително ја зголемуваат прераната смртност. Големината на ризикот ги надминува многу од главните здравствени индикатори, вели авторот на студијата Џулиан Холт Лунстад од Brigham Young Универзитетот од Јута.

Според Лунстад општествената поврзаност е една од основните човечки потреби кои се неопходни за добро здравје, а воедно и за опстанок.

Интересно е да се забележи дека токму осаменоста, може да направи поголем проблем за нашето здравје, отколку вишокот на килограми.