дома Занимливости ОВА Е НАЈДОБРИОТ СОВЕТ НА АЛБЕРТ АЈНШТАЈН: На својот син му ја...

ОВА Е НАЈДОБРИОТ СОВЕТ НА АЛБЕРТ АЈНШТАЈН: На својот син му ја открил тајната како најлесно да научи сè што ќе посака!

Ова е веројатно и најдобриот совет којшто би требало да го примените – а доаѓа директно од Алберт Ајнштајн.
Алберт Ајнштајн не само што бил брилијантен физичар, тој бил и голем заговорник за мир, духовност, добрина и во секој момент ја споделувал својата мудрост со останатите.

А можеби едно од најважните нешта коишто тој му ги порачал на својот син Ханс Алберт во своето писмо, ја открива тајната за тоа како најлесно може да научите буквално сè што ќе посакате.


– Многу ми е драго што ти се допаѓа да свириш на клавир. Тоа и столарството, според моето мислење се двете најдобри занимации за едно момче на твои години. Можеби дури подобри и од самото училиште. Тоа се нештата коишто одлично им прилегаат на младите луѓе како што си ти. Гледај колку што е можно почесто на клавирот да ги свириш нештата што ги сакаш, дури и ако твојот учител не се согласува со тоа. Тоа е најдобриот начин за нешто навистина да научиш – бидејќи кога правиш нешто со толку голема радост и страст, не ни забележуваш дека времето буквално лета. Јас понекогаш сум толку опседнат со својата работа, што заборавам и да јадам.

И иако се на прв поглед прилично “прости”, мудрите зборови на Ајнштајн се нешто најважно кога станува збор за учењето на новите нешта. Токму затоа, уживајте во она што го правите и успехот со сигурност ќе тропне и на вашата врата.