дома Русија ОВА Е ПРЕТСЕДАТЕЛ: Еве што им подари Путин на руските освојувачи на...

ОВА Е ПРЕТСЕДАТЕЛ: Еве што им подари Путин на руските освојувачи на медали во Рио

Руските спортисти, кои на Олимписките игри во Рио де Жанеиро освоија медал, на подарок од државата ќе добијат луксузни автомобили BMW, објави ITAR-TASS.

 

Сите 19 освојувачи на златни медали ќе добијат на подарок BMW од серијата X6, спортистите кои на Русија ѝ донесоа 18 сребрени медали ќе добијат автомобил BMW X5, додека 19-те „бронзени“ руски спортисти ќе станат сопственици на автомобил BMW X3.

Клучевите од возилата на спортистите ќе им бидат врачени по традиционалниот прием кај претседателот Владимир Путин.