дома Занимливости Ова е разликата помеѓу милијардер и разгалени богаташи позери: Бил Гејтс чека...

Ова е разликата помеѓу милијардер и разгалени богаташи позери: Бил Гејтс чека ред за сендвич

Поранешен вработен во Микрософт, Мајк Галос, на Фејсбук објави фотографија од Бил Гејтс на која тој чека ред за бургер.

„Кога тежиш околу 100 милијарди долари, ја водиш најголемата хуманитарна организација во историјата на човештвото и чекаш во ред за бургер, помфрит и Кока-Кола во Dick’s како сите останати… Вака се однесуваат богатите луѓе, за разлика од позерите со златна тоалетна школка во Белата куќа“, напиша Галос во описот на фотографијата.
„Не се споредувајте себеси со никој во светот. Ако се споредувате, се навредувате себеси“.

„Избирам мрзелива личност за да изврши одредена работа. Затоа што мрзеливата личност ќе пронајде полесен начин за да ја направи работата“.

„Пред вие да се родите, вашите родители не беа толку досадни како што се сега. Станаа такви од плаќање на вашите сметки, чистење на вашите алишта и слушајќи ве вас како велите дека сте одлични. Така што, пред да ја спасите прашумата од паразитите на генерацијата на вашите родители, обидете се да се ослободите од паразитите од плакарот во вашата соба“.

„Успехот е лош наставник. Ги заведува паметните луѓе и ги тера да мислат дека не можат да изгубат“.

„Ако не можете да направите нешто добро, барем направете да изгледа добро“.

„Трпението е клучен елемент кај успехот“.

„Животот не е фер – навикнете се на тоа!“

„Ако сте родени сиромашни, тогаш тоа не е ваша грешка, но ако заминете од овој свет сиромашни, тогаш тоа е ваша грешка“.