дома Свет ОВА ЛЕТО: Средбата Путин-Макрон закажана за 19 август

ОВА ЛЕТО: Средбата Путин-Макрон закажана за 19 август

Претседателот на Франција, Емануел Макрон во август ќе се состане со рускиот претседател Владимир Путин.

Кабинетот на Макрон објави дека двајцата претседатели ќе се состанат на 19 август во Форт де Брегансон, одморалиште на францускиот претседател.

По состанокот на двајцата лидери, ќе се одржи самитот на Г-7, на кој Русија нема да присуствува, бидејќи беше исфрлена од групата по припојувањето на Крим во 2014 година.