дома Свет Ова не го посакува ниту една жена: Меган на кралската венчавка доживеала...

Ова не го посакува ниту една жена: Меган на кралската венчавка доживеала ноќна мора

На вчерашната кралска венчавка, Меган Маркл доживеала права ноќна мора. Имено, на свадбата биле присутни дури три поранешни девојки на принцот Хари.

Принцезата Јуџин се венчаше со менаџерот Џек Бруксбенк, а меѓу бројните гости, се нашле и поранешните љубовнички на принцот Хари.

Челзи Дејви, јужноафриканска адвокатка, која со Хари била околу седум години и Кресида Бонас, манекенката и актерката со која бил во врска две години, пристигнале заедно, и не сокриле дека добро се забавуваат.

Ели Голдинг, за која се претпоставува дека била последната девојка со која што се гледал Хари пред да ја запознае сегашната сопруга во 2016-та година, исто така била на венчавката. Сите три поранешни девојки на Хари биле облечени во сино, во различни нијанси.

Британските таблоиди пишуваат дека ова е прв пат Хари и Меган да се најдат на исто место со било која негова поранешна девојка, од венчавката во мај.

Принцезата Јуџин е блиска пријателка со сите три поранешни девојки на Хари, а особено со Кресида, која всушност ја споила со принцот.

Кресида и Челзи биле на венчавката на Хари и Меган. Затоа не било изненадување тоа што сите три негови поранешни девојки биле повикани и на оваа кралска венчавка, на која имало околу 850 гости..