дома Политика ОВА НЕ СЕ ФОТОГРАФИИ ОД БАНГЛАДЕШ, ОВА Е КУМАНОВО: Ова е лицето...

ОВА НЕ СЕ ФОТОГРАФИИ ОД БАНГЛАДЕШ, ОВА Е КУМАНОВО: Ова е лицето на Куманово кое го остава СДС – катастрофална состојба во градскиот превоз!

Премногу гужва, доцнења, запрен сообраќај, „шверцување‟, вербални и физички напади од возачите, се само некои од клучните зборови меѓу граѓаните што го користат јавниот превоз во Куманово.

Веќе и возењето во кумановските автобуси многу кажува за состојбата во јавниот превоз во еден од најголемите градови во Македонија. Возилата се во тешка состојба, во кои греењето често работи во лето наместо во зима, вратите не се затвараат најдобро, па е многу опасно да се биде во нивна близина. Седиштата подобро да се избегнуваат, бидејќи ретко се чистат, се подглавуваат, се крпат…