дома Балкан ОВА НИ Е КАЗНА ОД ГОСПОД: Грчки поп ги прогласи пожарите во...

ОВА НИ Е КАЗНА ОД ГОСПОД: Грчки поп ги прогласи пожарите во Атина за казна од Господ поради Договорот за името

Грчкиот митрополит Амвросије го шокираше регионот со изјавата за пожарите во Грција во кои загинаа повеќе од 70 лица, меѓу кои и деца.

– Атеистичкиот премиер Алексис Ципрас го навлече Божјиот гнев – напиша Амвросиос со големи букви денес попладне на својот блог и додаде: „Грција е уништена од дожд и оган!“.

Цитирајќи го Светиот Дух , како што е наведен во Новиот завет, Амвросиос ги наведува неговите заклучоци дека поради оддалечување од Бога се случуваат разни природни катастрофи како што се земјотреси, глад, епидемии и болести, крвопролевање, криминал и катастрофални пожари.

– Кој, се прашувам, е одговорен за оддалечување на модерниот Грк од Божјиот пат? Кој? Атеистичкиот премиер, г-дин Алексиос Ципрас и неговите соработници: еве ги нивните достигнувања“, пишува Амвросиос алудирајќи на Договорот за името.

Додава дека Ципрас не се венчал со девојката и не си ги крстел децата.

Грчките емдиуми гневно реагираа на ова.