дома Uncategorized Ова се возилата на специјалците од МВР кои малтретираат активисти на ВМРО-ДПМНЕ...

Ова се возилата на специјалците од МВР кои малтретираат активисти на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид

Охридските портали пренесоа слики од возилата на специјалците од МВР кои малтретираат активисти на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид.

Ова се слики од возилата на специјалците на МВР кои се паркирани пред одморалиштето на МВР во населба Свети Стефан во Охрид, објавува Охрид24.мк.

Според порталот, постојано регистарски таблички за да бидат тешко препознатливи.

Демонстрираат сила со блокирање на движењето на возилата, малтретирање и вршење на претреси.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ повеќепати предупреди дека параполициски сили агитираат за партијатаа на власт во неколку градови.

Драган Ковачки на прес-конференција истакна дека оваа група била користена за разни активности против ВМРО-ДПМНЕ, против граѓаните, слободните избори и нормалното функционирање во изборен процес.

Спасовски и Заев треба да кажат и дали зад нападот на новинарската екипа во Прилеп стои и е под закрилата на насилниците од злосторничката група полицијци на Заев и Спасовски? Вистината ќе излезе на виделина. Според наши сознанија, кои доаѓаат од терен, а се сведоштва на лица инволвирани во вакви активности, кои не сакаат повеќе да ѝ служат на злосторничката група, вакви групи има и во Охрид, Битола и Радовиш. Јавно ги предупредуваме злосторничките групи од Охрид, Битола и Радовиш, да не се осмелуваат да шиканираат, малтретираат или тепаат граѓаните. Ве знаеме и сите до еден ќе одговарате за секоја нерегуларност и криминал, потенцира Ковачки.