April 24, 2024, 10:20 pm

ОВА СЕ ЛУЃЕТО КОИ ПРИЗНАА ДЕКА ПРИСЛУШУВАЛЕ: „Таргет“ на Катица Јанева е само обичен театар, а ова се луѓето кои признаа дека прислушувале!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Срамна и мизерна беше прес конференцијата на СЈО и Катица Јанева, кои уште еднаш ја докажаа нивната правна неписменост и клиентелизмот кон една политичка партија, во случајов СДСМ

PUC-ZAEV-VERUSEVSKI

Неслучајно секогаш кога ќе му згусне на Зоран Заев и СДСМ, ден или два подоцна СЈО најавува прес конференцја на која спектакуларно и сензационалистички се соопштуваат имињата на истрагите, претходно нарачани и именувани од страна на „чадорот“.

Но да влеземе во суштината на она што денес беше кажано од Катица Јанева и нејзините две помошнички Ленче Ристовска и Фатиме Фетаи.

Истрагата именувана како „Таргет“ има за цел да ја докаже вината за изнсувањето, односно утврдување на одговорност за тоа кој нелегално прислушкувал и дали притоа се користени капцитетите на УБК.

Не само што истрагата уште во почетокот не сосема непотребна и неоснована, туку веќе по овој основ има и пресуда врз основа на признание, односно спогодба помеѓу обвинетиот во „Пуч“ Звонко Костовски и ОЈО.

Костовски отворено призна дека тој прислушкувал и ги доставувал нелегално стекнатите материјали до првоосомничениот Зоран Верушевски, а пак овој му ги доставувал на Зоран Заев. Вистинското прашање е кој му наложил на Зоран Верушевски да ја активира својата шпионска мрежа во УБК, и потоа да му ги дава материјалите на Зоран Заев, кој пак во снимката од состанокот во премиерскиот кабинет со Никола Груевски, целата Македонска јавност можеше да слушне дека токму Заев вели дека материјалите ги добил „од надвор“.

Ова не е прво признание на Заев дека некој „од надвор“ го припрема и му дава глупави идеи. Имено, претседателот на ДПА објави СМС пораки од Зоран Заев кој го молел за средба, убедувајќи го со тоа дека некој од надвор го спремал него и терористот Рамуш Харадинај за „промени“.

zaev_sms4

Тоа вистинско прашање во моментов не може да се одговори, од проста причина што судот се соочува со опструкции од страна на СЈО, но и како што неофицијално дознаваме од службениците на Амбасадата на САД кои вршат притисоци судењето да не започне. Најверојатно плашејќи се од откривањето на вистината,  и посочувањето на „чадорот“ со име и презиме.

Значи, Катица Јанева, Фетаи и Ристовска денес не отворија никаква спектакуларна истрага, тие само приредија претстава која треба да го одвлече вниманието од политичкото самоубиство на Зоран Заев со изјавите за федерализација и воведување на двојазичност, како што вели со укинување на Рамковниот договор кој ги ограничувал правата на Албанците. Тие требало да добијат се (како во моментов да немаат се).

Овие несреќни изјави предизвикаа канонада на реакции во јавноста која остро го осуди овој чин на Заев, а веднаш потоа како нарачан пристигна и пресот на Катица Јанева. Како и секогаш ништо повеќе од една ефтина драмолетка.

Заклучокот е дека, по основ на отворената истрага „Таргет“ веќе има осудено лице на казна затвор кое ја призна вината и објасни кој прислушкувал. Тука нема ништо ново, ниту спектакуларно, а најмалку пак основ за истрага. Единственото друго објаснување за драмолетката на СЈО е нарачката од „чадорот“ за одвлекување од вниманието.

Граѓаните ова добро го знаат и одамна го утврдија, што пак резултираше со исклучително мала доверба на граѓаните во Катица Јанева и СЈО.


2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This