Ова се нaјбогатите и нajcиромашните држави во ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Данска e најбогата земја во Европската Унија, според просечното богатство на нејзините граѓани. Најновите податоци на данската Централна банка покажуваат дека данските семејства имаат најголеми просечни залихи на готовина и пензиска заштеда.

Mерено по глава на жител, Данците имаат околу 1,3 милиони круни (170.000 евра) финансиски средства, што е повеќе од двојно од просекот на ЕУ – откако ќе се одземат долговите.

По Данска следуваат Холандија, Шведска, Луксембург, Белгија и Франција со просечни нето финансиски средства во вредност од 211.000 американски долари.

Данска е на првото место, иако истовремено го држи светскиот рекорд во негативни каматни стапки, откако централната банка ги воведе за прв пат во 2012 година, пишува „Блумберг“.

Од земјите од регионот, Хрватска е на другата страна на скалата – меѓу најсиромашните земји на ЕУ. Поточно, Хрватска е петта најсиромашна земја, со просечни нето финансиски средства во вредност од само 17.100 американски долари. Под Хрватска се наоѓаат Полска, Бугарија, Словачка и Романија, каде што просечните нето средства се само 8.900 долари.

Камила Поулсен, економист во „Nykredit Wealth Management“ од Копенхаген, за „Блумберг“ вели дека првото место на Данска има многу врска со одлуките донесени пред неколку децении за воведување програма за заштеда на пензија што почнува веднаш по вработувањето.

Сепак, данските домаќинства, од друга страна, се исто така меѓу најзадолжените во Европа, со заеми пред сѐ во форма на станбени хипотеки.

Според Централната банка, долговите по глава на жител во Данска во просек изнесуваат околу 560.000 круни (55.000 евра), што е втора најголема сума на долг по Луксембург.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This