ОВА СЕ ТЕРОРИСТИТЕ НА ИСИС ОД СКОПЈЕ И КУМАНОВО: Во заедничка акција со Турската полиција фатени терористи на ИСИС од Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во собиралиштето осомничените биле сместени заедно со уште четири лица од Албанија, Сирија, Палестина и од Мароко и чекале поволни услови за трансфер во Сирија. Македонските државјани се на возраст од 18, 19, 20, 21 и 24 години

ISIS_Makedonija

Акцијата, информираше вчера министерот за внатрешни работи Митко Чавков, беше спроведена од страна на турската полиција во едно од собиралиштата на џихадисти лоцирано во населбата Аксарај, при што приведените државјани на Република Македонија, од кои трица од Куманово и двајца од Скопје, на организиран начин се обиделе да се приклучат кон терористичката организација.

Во собиралиштето осомничените биле сместени заедно со уште четири лица од Албанија, Сирија, Палестина и од Мароко и чекале поволни услови за трансфер во Сирија. Македонските државјани се на возраст од 18, 19, 20, 21 и 24 години.

Во текот на акцијата при обид за бегство две од лицата се здобиле со тешки телесни повреди. По приведувањето осомничените биле однесени во Прифатниот центар за странци во Истанбул, изјави министерот Чавков.

По преземените активности и документирањето на настанот осомничените се вратени во Македонија и против нив е поднесена кривична пријава поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации. Од страна на судија на претходна постапка на сите пет пријавени лица определена им е мерка притвор.

Министерот Чавков информира дека за 23 лица македонски државјани се води кривична постапка, околу 25 македонски државјани се загинати, а околу 50 лица се уште се на боиштата во Сирија и во Ирак. Тој нагласи дека овие бројки не се конечни и постојано варираат.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This