дома Македонија Овие луѓе во кабинетот на Пендаровски ќе одлучуваат кој ќе биде помилуван

Овие луѓе во кабинетот на Пендаровски ќе одлучуваат кој ќе биде помилуван

Во Кабинетот на Претседателот Стево Пендаровски денеска се одржа конститутивна седница на Комисијата за помилување.

Членови на комисијата се:

– Сабит Кранли, поранешен судија во Врховниот суд – претседател на Комисијата,

– Љубомир Јовески, Јавен обвинител на Република Македонија,

– Фехми Стафа, државен правобранител на Република Македонија,

– Љубомир Михајловски, претседател на Адвокатска комора на Република Македонија,

– Темелко Ристевски, универзитетски професор,

– Сафет Алиу, поранешен судија во Врховниот суд,

– Божин Аврамовски, судија во пензија,

– Ерол Рушид, лекар,

– Зора Митиќ, лекар,

– Уранија Пировска, Хелсиншки комитет за човекови права, и

– Билјана Петковска, Македонски институт за медиуми.

Претседателот Пендаровски, посакувајќи успешна работа на комисијата, рече дека при изборот на членовите на комисијата се водел од нивните исклучителни биографии и нивното богато професионално искуство.