Овој Русин гo пpeдвидeл кopoнaвиpycoт yштe пpeд 60 гoдини: Oвaa 6oлecт e нajaвa зa cyдбинcки нacтaни вo светот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во 2020 и 2021 година, Русија и светот ќе ги погоди необична болест, која ќе им претходи на судбински настани во целиот свет, напишал наводно Волф Григориевиќ Месинг, мислејќи, секако, на Kовид-19. Така барем тврдат неговите поддржувачи и следбеници.

Во потрага по објаснување и со желба што побрзо да се сопре болеста која со неверојатна сила го обзеде целиот свет, Русите го вратиле на сцената Волф Месинг, најмистериозниот човек на 20 век, чии предвидувачки и телепатски способности ги изучувале најистакнатите психолози од неговото време.

Феномените предвидување и телепатија, со кои владеел овој необичен и многу популарен човек во 1960-те години, ни ден денес не се објаснети, иако на руската наука не ѝ се непознати парапсихолошките феномени. Напротив, ги изучува на највисоко ниво, бидејќи се смета дека способностите на човечката душа сè уште не се доволно истражени.

Се верува дека Волф Месинг предвидел дека Хитлер ќе ја изгуби војната и Сталин ќе го освои Берлин. Тој своите способности ги демонстрирал и пред озлогласениот Бери, поминувајќи низ неговото обезбедување и покажувајте сметка од продавница наместо пропусница.

Иако негирал дека е пророк, жителите на Советскиот Сојуз верувале дека тој можел да чита мисли. И тоа постојано го докажувал пред бројна фасцинирана публика.

Науката не ги потврдила ниту демантирала неговите необични способности, но за довербата на народот придонеле филмовите и книгите за него кои привлекувале големо внимание. „Јас, Месинг“, книгата за која се верувало дека е автобиографија, била продадена во неверојатен број примероци. А не ја напишал познатиот пророк, туку новинар на „Комсомољска правда“, кој всушност се трудел да напише интересно четиво.

Сепак, Месинг бил запомнет како човек со необични способности, па многумина и денес внимателно ги следат неговите пророштва и веруваат дека периодот на „необичната“ болест ќе потрае неколку години, но и дека веќе во оваа година би требало да се појави „спасител“ кој ќе го убеди светот дека патот кон мирот е многу подобар од трката во вооружување и заканите за атомска војна.

Економската моќ на државите ќе биде поважна од војните, а за стабилизација на руската економија потребни се реформи и побрз развој на индустријата, нафтата и гасот ќе бидат во втор план, нема да дојде до голема војна. Посебно внимание треба им се посвети на медицината, образованието, културата…

Пророштво или вешта манипулација – не е важно. Во секој случај, убаво е да се слушне во овие времиња на страв и безнадежност.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This