March 28, 2024, 11:28 pm

Огнeната стихија пycтоши низ Македонија: Активни осум пожари, другите делумно локализирани, но се појавуваат нови жаришта

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Авионот на Романското воено воздухопловство во два налети дејствуваше на пожарот во Општина Прилеп кај селата Топлица, Ракле и Никодин, што е делумно локализиран, но на одредени места се уште има чадење. На терен се екипи на Армијата и ШС Црн Бор од Прилеп, информира помошникот раководител на Центарот за управување со кризи Марија Милкова на попладневната прес-конференција во ЦУК.
Како што посочи, до 16:00 часот се уште активни се осум пожари, а останатите се делумно локализирани.
– Пожарот во Делчевскиот регион во село Разловци и село Нов Истевник е ставен под контрола, а има мало чадење во местото викано Грбовец, но пожарот е под контрола. На терен се екипи од пожарната, странската помош, МВР и Армијата. Пожарот во Пехчево во село Будинарци се уште е активен. Имаше моменти кога се надевавме дека пожарот е локализиран, но се појавија нови жаришта. На терен се припадници од Армијата, МВР, ШС Малеш, ШС од Струмица, противпожарни бригади од Скопје, Кавадарци и Штип, вработени од ДЗС, ЕВН, месно население, меѓународни тимови од Словенија и Австрија и други субјекти кои се справуваат со огнената стихија, рече Милкова.
Активен пожар, како што кажа, има и во Општина Сарај во селата Раовиќ и Буковиќ каде на терен има екипи од Националниот парк Јасен, ШС Караџица, ПП бригада на Град Скопје и жители од општината.
-Активен е и пожарот во Општина Петровец со селото Дивје на месноста викана Крушје, кој беше ставен под контрола, но во 13:30 часот повторно изгуби контрола. На терен се претставници од ШС Караџица, Армијата и локалната самоуправа. Пожарот во Општина Чашка, кај село Владиовци беше локализиран во утринските часови, меѓутоа во 13:30 часот повторно беше активиран. На терен се претставници од ПП единица од Велес и месно население, прецизира Милкова.
Нагласи дека пожарот, кој во попладневните часови избуван во селото Герман во Општина Ранковце, е ставен делумно под контрола и на терен е единица од ПП Ранковце и ШС од Крива Паланка. Во врска со шпекулациите дека таму има жена со деца, рече дека навреме се спасени и не се загрозени.
-Пожарот во штипските села Драгоево и Селце е ставен под контрола иако на одредени места има појава на чадење. На терен се претставници од ТТППЕ од Штип, МВР, Општина Неготино и други лица од месното население, рече Милкова и додаде дека другите пожари се делумно локализирани.
Попладнево, истакна, се појавија пожари во велешкото село Којница, Крајница и Извор каде гори нискостеблеста мешана шума. На лице место се 11 вработени од ШС Бабуна и додаде дека очекува овој пожар да биде локализиран до крајот на денов. Попладнево, посочи, избил пожар и во кочанско Костин Дол, но се држи под контрола и нема опасност да се прошири.
Информира дека е направена смена на меѓународната противпожарна помош од Бугарија, чии екипи беа на терен во Пехчевско. Тие се заменети со нови и веќе се пристигнати три противпожарни возила со неколку пожарникари во земјава кои, како што кажа, во текот на денешниот и утрешниот ден ќе бидат распоредени таму каде што е потребно.
Во моментов, како што нагласи, заседава Главниот штаб и се прави попладневен пресек, а воедно се одредуваат и мерки каде, кога и кои субјекти на кои локалитети да дејствуваат во текот на утрешниот ден.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This