дома Хроника ОГРАБЕНА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ: Под закана од пиштол, ограбена бензинска – одземен...

ОГРАБЕНА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ: Под закана од пиштол, ограбена бензинска – одземен дневниот промет

Две непознати лица заканувајќи се со пиштол ноќеска ограбиле бензинска пумпа на улицата „Александар Урдаревски“ во Скопје.

Полицијата соопшти дека околу 2:20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Александар Урдаревски“, на бензинска пумпа две непознати лица со закана со пиштол извршиле разбојништво, при што биле одземени пари од дневниот промет.

Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.