дома Спорт ОГРОМЕН МОТИВ ПЛУС ПРЕД „ФУРИЈАТА“ ЗА ГОЦЕ ГЕОРГИЕВСКИ: Вторпат стана татко!

ОГРОМЕН МОТИВ ПЛУС ПРЕД „ФУРИЈАТА“ ЗА ГОЦЕ ГЕОРГИЕВСКИ: Вторпат стана татко!

Македонската репрезентација денеска го игра третиот натпревар од Мундијалот во Германија и Данска, а ривал е европскиот првак Шпанија.

Десното крило Гоце Георгиевски ќе има мотив плус за денешната средба со „фуријата“ бидејќи по вторпат стана татко.

Неговата сопруга Симона донесе на свет женско дете, а Гоце ја сподели убавата вест на социјалните мрежи.

„Уште еден посебен ден за мене измешан со многу чувства и емоции. Ти благодарам Симона Георгиевска што овој ден го направи посебен за нас, да ни е жива и здрава ќерката“, напиша Георгиевски.

Извор:24rakomet.mk