дома Спорт ОДБИ ПЛАТА ОД 20 МИЛИОНИ ЕВРА ГОДИШНО: Гвардиола ја oдби понудата на...

ОДБИ ПЛАТА ОД 20 МИЛИОНИ ЕВРА ГОДИШНО: Гвардиола ја oдби понудата на Јувентус!

Тренерот на Манчестер сити, Јозеп Гвардиола, ја oдбил понудата да го предводи Јувентус.

Според „Еуроспорт“, италијанскиот шампион му понудил на 48-годишниот специјалист договор со плата од повеќе од 20 милиони евра годишно.

Позицијата на тренер во Јувентус останува испразнета по заминувањето на Масимилиано Алегри.

Главниот кандидат за позицијата на новиот тренер на „бјанко-нерите“ е тренерот на Челзи, Маурицио Сари.