дома Занимливости Одбројување: Тамара легна во болница, Дарен наскоро доаѓа

Одбројување: Тамара легна во болница, Дарен наскоро доаѓа

Тамара е во деветиот месец од бременоста и поради тоа веќе почна да има почести контроли во болница. Со неа како најголема поддршка е сопругот Александар кој постојано е до својата сакана која ќе му роди син.

Како што Тамара откри пред неколку месеци, бебето ќе се вика Дарен, а му остана уште многу малку во стомакот на мама за да дојде на овој сввет. Вчеравечер објавија фотографија од болничката соба за кардиотокографија или CTG преку кое паралелно се следи работата на срцето на бебето и контракциите.

Бидејќи е во 35-тата недела од бременоста, ваквите прегледи ќе бидат зачестени, па многу наскоро можеме да очекуваме убава вест од Тамара. Инаку, пејачката до крајот на бременоста остана активна, но исто така како што вели успеала да добие само 10 килограми повеќе и тоа со балансирана исхрана.

Бременоста ја менува секоја жена, не само физичкиот изглед, туку внатрешното задоволство ја прави да блеска во секој поглед.


Тамара Тодевска отсекогаш важела за добро стилизирана дама.

Тодевска пред 3 години уживаше во својата прва бременост. Добро стилизирана и со порасното трудничко стомаче, Тамара блескаше во својата прва блажена состојба.

Пејачката беше неуморна, активна трудница, уживајќи во секој момент и чекајќи го моментот кога ќе ја роди својата ќерка. На 29 април, 2016, Тамара и нејзиниот сопруг станаа родители на својата ќерка Хана која стана смисла на нивниот живот.

Хана денес има 2ипол години и порасна во едно прекрасно, слатко, симпатично, хиперактивно девојче. А доколку ја следите Тодевска на „Инстаграм“ често може да видите објави од нејзината ќерка која ќе ве освои од прва.

 

https://skopje24.mk/odbrojuvanje-tamara-legna-vo-bolnica-daren-naskoro-doagja/

Хана, наскоро ќе добие братче, а семејството ќе се прошири со нов член.

На Тамара и посакуваме лесно породување.