March 29, 2024, 11:36 am

ОДВАЈ ЕДНА СТРАНИЦА ЗА МИЛИОН ЕВРА: СЈО со штуро известување за трошењето буџетски пари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од податоците содржани во извештајот кои се однесуваат на финансиското работење, напишани на една страница, може да се види дека СЈО во периодот од септември лани до март годинава потрошило 79.243.307 денари, или 1.290.607 евра.

сјо-прес-за-случај-транспортер-21-e1473845055387

Специјалното јавно обвинителство на својата веб-страница го објави третиот шестмесечен извештај за периодот од 15 септември 2016 година до 15 март 2017 година.

Извештајот на 39 страници содржи информации за финансиското работење на СЈО, за бројот на истражни и предистражни постапки што ги има отворено СЈО во овој период, за ангажираните соработници, за бројот на прислушувани разговори кои се предмет на анализа и од кои произлегуваат сомненија за кривични дела, како и информации за секој предмет на ова обвинителство.

Од податоците содржани во извештајот кои се однесуваат на финансиското работење, напишани на една страница, може да се види дека СЈО во периодот од септември лани до март годинава потрошило 79.243.307 денари, или 1.290.607 евра.

СЈО за 2016 година заклучно со 31.12.2016 година има потрошено 123.548.695 денари, или 48,70 отсто од буџетот.

Од одобрениот буџет за 2017 година во вкупен износ од 228.005.000 денари, во периодот од 01.01.2017 година, заклучно со 15.03.2017 година, СЈО потрошило 28.636.159 денари или 12,56 отсто од одобрениот буџет за оваа година.

Најголем дел од одобрените буџетски средства во периодот 15 септември 2016 година до 15 март 2017 година, стои во извештајот, се потрошени за закуп. За што и колку се потрошени останатиот дел од средствата, не е наведено, како што беше и во минатиот извештај.

СЈО во извештајот наведува дека од септември лани до март годинава со нови софтверски решенија открило нови 66.909 избришани аудиофајлови.

„Во извештајниот период ова Јавно обвинителство се стекна со специјализирани информатичко-форензички софтверски решенија со чија помош се откриени уште 66.909 избришани аудиофајлови, со тоа што вкупната бројка на аудиофајлови се искачи на 606.555. На овие фајлови, како и на претходните 540.646, е извршен електронски попис кој се наоѓа на вкупно 15.906 страници во електронска форма. При попишувањето е утврдено дека времетраењето на сите аудиофајлови изнесува 13 200 часа“, стои во извештајот.

Во него пишува дека заклучно со 15 март, СЈО ја анализира содржината на 272.950 аудиофајлови, односно во обработка се 45 отсто од вкупниот број аудиофајлови.

Во извештајниот период СЈО отворило седум нови истражни постапки и 14 нови предистражни постапки.

„Во моментот СЈО работи на 68 предмети кои се во фаза на предистражна постапка. Предистражните постапки се однесуваат на незаконското следење на комуникациите, како и незаконитости во врска со финансирањето на медиумите, злоупотреба на средствата за финансирање на изборна кампања, разни злоупотреби на постапки за јавни набавки, даночно затајување, перење пари, разни коруптивни дејствија и разни злоупотреби на службена положба и овластувања, финансиски истраги, како и незаконитости во постапките кои се однесуваат на градежни работи итн.“, пишува во извештајот.

Во рамките на првиот и вториот извештаен период се водат истраги против вкупно 64 лица. Во извештајот, исто така, има опис и напредок во сите истражни предмети што се водат во СЈО.

Досега СЈО имаше практика на прес-конференција да го презентира извештајот. На прашање што го испративме утрово до СЈО дали денеска ќе го поднесе извештајот за периодот од 15.09.2016 до 15.03.2017 година до Советот на јавни обвинители и дали јавно ќе го презентира, како што тоа беше практика со минатите два извештаи, досега не добивме одговор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This