дома Македонија Одзemeни се компјутери при пpeтpeс во просториите на Правниот факултет во Скопје

Одзemeни се компјутери при пpeтpeс во просториите на Правниот факултет во Скопје

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во рамките на истрагата против четири лица, за кои постои основано сомнение дека сториле злоупотреба на службената положба и овластување, изврши претрес во просториите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје што ги користел осомничениот управител на правно лице и се одземени компјутери, потврдуват од Обвинителството.

Информираат дека во досегашната истрага, не се пронајдени материјали поврзани со приемните испити на слушатели во Академијата на судии и јавни обвинители.

– Што се однесува до Софтверот за полагање на испитот за прием на слушатели во Академијата на судии и јавни обвинители, истиот не е одземен, посочуваат од ОЈО.​