дома Спорт Одиме за Романија: За во Букурешт нема да треба ниту ПЦР тест...

Одиме за Романија: За во Букурешт нема да треба ниту ПЦР тест ниту документ за примена вакцина

Македонија ќе има сигурно голема поддршка на ЕП откако романските власти донесоа одлука за македонските фанови нема да биде потребен ниту ПЦР тест, ниту документ за примена вакцина против корона.

Ова е големо олеснување за фановите ако се знае дека еден ПЦР тест во просек чини 2500 денари, а многумина немаат термин за вакцина.

Првиот натрпревар нашите фудбалери ќе го одиграат на 13 јуни во Букурешт против репрезентацијата на Австрија, а вториот натпревар ќе го одиграат на 17 јуни против Украина.