дома Македонија ОДЛОЖЕН ПРВИОТ ДУEЛ: Наместо утре Пендаровски и Силјановска ќе дебатираат во четврток

ОДЛОЖЕН ПРВИОТ ДУEЛ: Наместо утре Пендаровски и Силјановска ќе дебатираат во четврток

Одложен е првиот дyeл од изборната кампања помеѓу претседателските кандидати Гордана Силјановска и Стево Пендаровски, кој требаше да се случи утре на телевизија Телма. Како што дознава „Фокус“ дуелот бил одложен по барање на Силјановска.

Кандидатката за претседател, инаку, изминатиов период постојано го повикуваше Пендаровски на тв дуел. Од ВМРО-ДПМНЕ неколку пати му порачаа на Пендаровски да не бега од телевизиско cooчување.

Остануваат до сега договорените дyeли меѓу Силјановска и Пендаровски на 12 април на МРТ, на 14 април на Сител и на 17 април на ТВ Алсат.