дома Македонија ОДЛУКАТА НА КАТИЦА НА ПРОВЕРКА: Советот на јавни обвинители ќе проверува дали...

ОДЛУКАТА НА КАТИЦА НА ПРОВЕРКА: Советот на јавни обвинители ќе проверува дали СЈО го прекршило законот за „Пуч“

Советот на јавни обвинители ќе ја преиспитува одлуката на Специјалното јавно обвинителство за отфрлање на обвинението во случајот Пуч.Советот ќе проверува дали одлуката на СЈО била законита.

До Советот на јавни обвинители пристигнала претставка врз основа на која сега се бараат списите за постапувањето во овој предмет од СЈО и Кривичниот Суд. Откако ќе ги добијат материјалите, членовите на советот на некоја од следните седници ќе одлучуваат дали постапувањето на Катица Јанева и нејзиниот тим било во согласност со законот.

Во соопштение од Советот на јавни обвинители посочуваат дека одговорноста за професионалност при работењето на СЈО е наведена во членот 7 став 3 од Законот за јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското прислушување. Во него стои дека „ „Јавниот обвинител ќе биде професионално одговорен за стручните и законските дејствија при неговата работа пред Советот на јавните обвинители”.

– Заради разјаснување и согледување на преземените дејствија од страна на јавниот обвинител, истиот е должен да ги достави бараните списи до Советот на јавните обвинители во најраток можен рок, се наведува во денешното соопштение од Советот